Преварантот што се сликаше со играчите на Манчестер во Минхен

Понекогаш редарите и обезбедувањето се толку неспретни што секоја будала која ќе скрои добар план може да ги изненади и да се појави на теренот кој го гледаат милијарди луѓе.

На 18 април 2001 година, пред почетокот на мега дербито Баерн - Манчестер Јунајтед на минхенскиот „Олимписки стадион“, извесен Карл Пауер смислил итроштина како да се појави на теренот и да се слика со својата омилена екипа па да влезе во историските архиви.

Неколку месеци по чудесниот подвиг во Минхен, Карл вака ја опишал целата епизода?

„И така ние го избравме Минхен за место на дејствување. Се спремавме толку детално како да правиме воена стратегија. Со себе земавме три разни варијанти опрема - црвена, бела и сина зошто знаевме дека сигурно ќе носат една од нив.

Дознавме во кој хотел отседнала екипата и прашавме еден од директорите на клубот во какви дресови ќе играат.

Стигнавме до стадионот каде се претставивме како телевизиска екипа. Обезбедувањето не пушти без никакви приговори. Стигнавме до теренот, а потоа со ситни чекори отидовме до вратата каде стоеа фоторепортерите. Застанавме да го набљудуваме загревањето.

Кога екипата одново се врати во тунелот и јас тргнав со нив облечен во опрема. Тогаш знаев дека ништо нема да ме спречи. Набрзо заедно со играчите истрчав на теренот. Гери Невил за малку не ми го сруши планот: тој прв примети непознат човек и покажа накај мене со прст. За среќа веќе беше предоцна: играчите се наместија за групна фотографија а фотографите мораат брзо да штракаат. Така и јас влегов во кадар како 12-ти играч““

Ние се прашуваме што ако некому на квиз му се појави оваа фотографија да ги наброи легендите?