Преубав гест од Бразил, Палмеирас потпишал договор со фудбалер со оштетен слух

На почетокот на август месец, фудбалерите на Палмеирас добиле нов, 18-годишен соиграч од младинскиот тим. Станува збор за Густаво Пералта од Парагвај кој има 80% загубен слух и не зборува.

Младиот Парагваец кој важи за одличен фудбалер, ги импресионирал претставниците на бразилскиот клуб на летните турнири во Чешка и Швајцарија каде играл за Палмеирас U-19. По враќањето назад во Бразил, управата му предложила професионален договор (прв во неговиот живот).

Густаво во моментов настапува за Палмеирас U-20 но во секој момент се очекува да биде прекомандуван во првиот тим и да заигра со постарите колеги.

Густаво Пералта со фудбал се занимавал од шест години. Тој е син на познат парагвајски играч од мал фудбал. Густаво уште од детството научил да комуницира со помош на гестикулации и научил да чита од усни за да ги разбира другите луѓе.

Палмеирас соопштил дека на младиот фудбалер ќе му биде овозможена логопетска терапија и клубот ќе организира курс за јазични гестови за него и за другите фудбалери од екипата.

Пералта наскоро би можел да дебитира за сениорскиот тим на Палмеирас, а нам ни преостанува да го следиме овој уникатен фудбалер од бразилската лига.

19 август 2019 - 12:44