Преписка меѓу Салвини и фудбалер на Милан

Матео Салвини, човекот кој до скоро беше вице-премиер и министер за внатрешни работи на Италија и човек кој се декларира како голем навивач на Милан, не баш пријатно му честиташе роденден на Шпанецот Сусо.

„Среќен роденден! Со надеж дека Дедо Мраз ќе ти донесе повеќе брзина, снага и воља за игра“, напишал Салвини во коментар на Инстаграм под честитката на официјалниот профил на Милан.

После некое време Сусо му одговара:

„Фала. Со надеж дека Дедо Мраз ќе ти донесе повеќе брзина, снага и воља подобро да ја водиш земјава која што ја сакам“.

Коментарот на Сусо има преку 26.000 лајкови а оној на Салвини околу 2.700

20 ноември 2019 - 12:16