Премиер лигата се потсети на Ѓорѓи Христов

Чисто како информација за помладите генерации, Ѓорѓи Христов е еден од ретките македонски фудбалери кои на една рака се бројат во Премиер лигата. Беше член на Барнсли (1997-2000) за кој постигна 8 гола на 45 средби, а има и 48 настапи и 16 погодоци за Македонија.

Токму овој негов убав погодок против Блекбурн, синоќа изненадно беше објавен на официјалната Фејсбук страна и Твитер профил на Премиер лигата како гол на денот.

Христов е првиот Македонец кој заигра во Премиер лигата. 

26 март 2019 - 09:31