Премиер лигата се крми со 4,5 милијарди фунти од ТВ права

Текстовите во кои се пишува како некој таму Брајтон заработил повеќе од Реал Мадрид за телевизиски права на нивните натпревари ќе читаме и во иднина.

Се заврши: Англиската премиер лига продаде најголем дел од домашните телевизиски права од 2019 до 2022 година. Реализирани се 5 од 7 пакети коишто чинат неверојатни 4,464 милијарди фунти.

Главните тези:

- Некои прогнозираа раст од 17-23% на цената на тв права за премиер лига а тие на крајот стигнаа до 16%: 9,3 милиони по меч за разлика од тековните 10,19 милиони фунти.

- Уште е рано да се зборува за некаков „меур од сапуница на тв-правата“.

- Sky ќе пренесува 128 меча по сезона и тоа ги чини 1,193 милијарди фунти! Четирите купени пакети се состојат од 40 вечерни саботни мечеви, 64 неделни и уште 24 меча од понеделник до петок.

- BT Sport традиционално помалку плати за правата на преноси од Премиер лигата - 295 милиони фунти за сезона. Тие стекнаа право на 32 саботни мечеви кои почнуваат во 12:30.

- Уште два пакети (по 2 полни кола на Премиер лигата во секој од нив) се продаваат уште. Лигата соопштила дека на овие тв права претендираат по неколку компаниии. Facebook, Netflix и Google во последните недели се дистанцираа од некаков пазар, а Amazon соопштил дека може да се бори за еден од пакетите кој би го стримал на интернет.

- Во 2015-та сумата за телевизиски права која што ја доби англиската Премиер лига изнесувала 5,1 милијарда фунти.