Последниот месец мешал психотропни супстанци со алкохол, изгубил апетит и бил тажен

Здравствените проблеми на Диего Марадона не беа нови со оглед на неговиот начин на живот, а ситуацијата му се влошила во последните година дена.

На 30 октомври Диего наполни 60 години, а после пар дена го префрлиле во болница поради влошена состојба.

На томографијата во болница му нашле субдурален хематом.

Најголемиот спортски весник во Аргентина, Ole, имал увид во медицинскиот извештај и објавил инсајдерска информација дека веројатна причина за појава на хематомот била злоупотребата на алкохол. Тоа води кон проблеми со згуснување на крвта и зголемен ризик од срцево заболување.

И минатата година кога прославил 59-ти роденден имал влошена состојба за која раскажа ќерка му Џанина.

Џанина со сестра и Далма и децата Бенхамин (син на Кун Агуеро) и Рома дошле на гости да му честитаат роденден на Диего. Таму веќе имало гласна пијанка, а Марадона не бил во состојба да разговара. Жените не сакале да се задржуваат за децата да не го гледаат целиот хаос.

Џанина, која била најблиска со Марадона од сите негови деца, се вратила сама на прославата. Марадона лежел со лицето во салата, некоја течност му излегувала од носот а потоа повратил, раскажала таа.

Присутните не обрнувале многу внимание и сите продолжиле да играат и танцуваат, а некој дури и пробувал да го убеди Марадона да дува свеќа.

„Му беше многу лошо, но никој не поведе сметка. Мислеа дека се забавува. Адвокатот Матиас Морла некаде отиде, а девојка му Росио Олива рече да не се секираме зошто постојано му се случува тоа. Ми беше страв да си одам и останав на спиење“, раскажала Џанина.

Изминатото лето, личниот доктор на легендарниот аргентински напаѓач, Леополд Луке потврдил проблем со алкохолот и кокаинот. Луке рекол дека Марадона се бори со зависноста, но дека состојбата ја влошуваат анксиолитици - моќни средства за смирување од анксиозност и вознемиреност.

„Ова не е најдобра опција на лекување, но телото веќе е навикнато на тоа и не може нагло да се прекинат.

Истовремена употреба на анксиолитици и алкохол е строго забранета и многу опасна. Ако Марадона ги пиел паралелно со алкохол, се добива запаллива смеса која што ја зголемува депресијата на централниот нервен систем од обете супстанци.

Може да се јават проблеми со дишење, возбуденост, агресивно однесување па дури и постојана состојба на опијанетост“, рекол Луке.

Влошената состојба му се забележала и на крајот од септември. Аргентинските клубови во тој период играа пријателски средби. Химнасија Ла Плата која што ја тренираше Диего, играше против „Сан Лоренцо“ а Марадона се појавил на мечот.

Било очигледно дека тешко се движи, тешко дише а тешко разбирале што зборува дури и Аргентинците кои го слушале интервјуто.

На 30 октомври Диего се појавил на меч на Химнасија Ла Плата, но ситуацијата му се влошила и веднаш го префрлиле во болница. Хематомот му го отстраниле на 4 ноември за 80 минути оперативен зафат и целата процедура не била тешка.

После операцијата Диего бил пратен на интензивна терапија (нормално после хируршки зафати). Докторите предвидувале дека за еден месец ќе се врати на секојдневниот нормален живот.

„Среќни сме, он може да оди, зборува со мене, се подобар е. Неговата состојба напредува значајно. Од предострожност спроведовме томографија и резултатите беа одлични.

„Марадона сака да ја напушти болницата, иако ние сакаме да го оставиме под лекарски надзор уште еден ден“, рекол доктор Луке следниот ден по операцијата. 

Отпустот го одложиле за една недела поради синдромот на апстиненција - со други зборови синдром на повлекување односно симптоми кои настануваат како резултат на намалена доза на лекови или целосен прекин.

„После операцијата имаше неколку епизоди на збунетост кои ние заедно со лекарите кои дојдоа, го сметавме за клиничка слика апстиненција. Ублажувањето на овој синдром по прекин на некои лекарства трае неколку дена“

На 17 ноември Марадона се вратил на работа во Химнасија Ла Плата но овојпат како технички директор. Се слушал по видео-врска со фудбалерите, им ветил дека ќе се врати на тренинзи за некоја недела.

„Диего кажа дека за 15-ина дена ќе дојде на тренинг. Изгледа многу добро и совршено не изгледа како оној човек на фотографијата која се појави од вечерта на роденденот“, рекол близок човек на Марадона за Ројтерс.

Марадона се интересирал за составот за следниот меч и за тоа што прави екипата. Минатата недела немало никакви вести за неговата состојба. Тој ја продолжил рехабилитацијата дома, близу Буенос Аирес и не го тревожеле многу.

Утрото на 25 ноември му се влошила состојбата и срцето не издржало. Лекарите овојпат не го спасиле и Диего почина.

26 ноември 2020 - 12:40