Подготовки течат, кичми се кршат

Велат нема ништо фудбал летово, море не да има, зависи кој што сака да гледа. САД повторно е домаќин на меѓународниот летен турнир со 11 екипишта од Европа и една од Мексико, плус низ планетава се играат уште еден куп пријателски натпревари.

Меѓународниот шампионски куп 2019 и не е баш за занемарување и не трае баш малце. Се игра од 16 јули до 10 август и тоа на 12 стадиони во САД, а учествуваат Арсенал, Бенфика, Баерн Минхен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фиорентина, Атлетико Мадрид, Милан, Јувентус, Интер, Реал Мадрид и Гвадалахара.

И тоа господата во табела се натпреваруваат, а во моментов први се Топџиите со 2 од 2. Имаме опасни потези и од таму, но и од други натпревари кои се дел од летните подготовки.

Прво одиме со Алекс Окслејд Чемберлејн кој на пријателска меѓу Ливерпул и Борусија Дортмунд, опасно изремети и исфрли од игра двајца противници.

Потоа вреди да се погледне како новото јапонско засилување на Реал, Такефусо Кубо ја палеше американската публика против Баерн.

Се вика Масон Гринвуд, има само 17 години и 4 настапи во Премиер лига, ама на Шкринијар од Интер му испи мозок со опазна “зидановка“.

Словакот не го прими тоа добро, па бесот му го истури на друго дете и тоа уште во следната минута кога 19 годишниот Тахит Чонг му одигра умешно еден на еден.

Пасот на денот пак го има Де Брујне против Вулверхемптон

А Реал Мадрид мислеше дека игра Ел Класико, но во Барса знае да се претвори и Баерн.