Пике и свештеникот од Мурсија

Жерар Пике стана главен херој па дури и на натпреварите на кои не е на теренот. Во Шпанија веќе два дена се зборува за неговата средба со свештеникот пред Мурсија.

Барселона, со втор тим ја совлада Мурсија со 0:3 а на клупата на Каталонците остана Пике. Интересно, пред мечот со Барселона, свештеникот на Мурсија (да, екипата има свештеник кај кого одат на миса) Антонио Карпена дошол кај Пике да го поддржи после опасните настани во Каталонија.

„Шпанија те сака тебе“, му рекол свештеникот со шал од Мурсија околу вратот.

„Јас му пријдов на Жерар за да му изразам поддршка. И покрај свирежите од навивачите, тој е должен да продолжи во ист дух и да остане класа играч каков што бил секогаш“, изјавил свештеникот Карпена во интервју за радиостаницата Cadena SER.

На крајот од разговорот свештеникот му го побарал дресот на Пике кој не играше на мечот но на крајот му го предал својот дрес на Карпена. Антонио Карпена станал капелан (свештеник) на фудбалскиот клуб Мурсија во 2017 година. Екипата до тој момент цели десет години не одела на богослужба затоа што никој од свештениците не навивал така страсно за тимот како Карпена.

Тој и самиот во младоста играл фудбал, па работел како судија а не така одамна отворил и Твитер сметка во која активно ја поддржува Мурсија.