Пандев си е Пандев без разлика на годините

На Џенова сезонава и оди тапа џонс, а да го немаа нашиот махер за фудбал бетер ќе беше работата. Со оглед на тоа како игра на 36 години во Серија А, некако не е за пензионирање на лето.

Џенова влегува во уште поголема криза, бидејќи и денеска на домашен терен не успеа да освои некој бод. Додуше имаше тежок меч против Рома кој го загуби со 1:3. Стрелец за домаќините погодете кој.

На последните 10 меча во домашно првенство Џенова има само една победа или вкупно три после 20 минати кола што само и ги отежнува околностите за опстанок. Сега се предпоследни со 2 бода повеќе од СПАЛ и помалку од Бреша.

Човекот кој во последно време многу се бори и има голема желба да останат во лига е Горан Пандев кој го намали водството на гостите на 1:2 со нов мајсторски потег.

Ова е гол број 5 за него сезонава и со Куаме со најдобри клупски стрелци во моментов. Тоа што плус не радува за него е формата пред неговиот животен меч кој се ближи полека.

Фантастичен финиш.

Пазете го ова за “вечниот“

19 јануари 2020 - 22:24