Пандев му дава гол на Јуве, а Јанко урла на мегафон

Леле какво видео начекавме. Наша ТВ да ти давале италијански куп, памтите вие ова? И тоа со Јанко на коментаторска позиција. И да, точно е тоа од насловот, мегафон користи во студио, ама и труба. Врв.

Мечот е бајат 11 години и датира од март 2009-та, односно од последните месеци на Горан Пандев во Лацио пред да ја спука со Лотито.

Се работи за полуфинале меѓу Лацио и Јуве на Олимпико кое го добија домаќините со 2:1. Со ист резултат победија и на реваншот и потоа во финале ја добија Сампдорија на пенали.

Јуве поведе со голот на Маркиони, ама ќеифот на Јанко е кога гол ќе даде нашиов и ќе израмни на 1:1.

Е тука Јанко одлепува и коментира како Јужноамериканцине, а за да му остави на Јутјуб во наследство побогат материјал користи и мегафон.

Кулминација е кога ќе пушти звук од труба како оние што ги има стално на јужна. Па уште и фонија се ствара, хаос.

Сврти се му вика 😊.

Инаку ова е прв од петте Куп трофеи на Пандев во Италија кој таа сезона беше прв стрелец во ова натпреварување со 6 гола. Има уште по два со Интер и Наполи.

3 април 2020 - 14:13