Пад од пет места за македонската фудбалска репрезентација

После поразите од Полска и Австрија во квалификациите за Евро 2020, Македонската фудбалска селекција на рејтингот на ФИФА листата падна на 73. место.

Поразот од Полска (0:1) и дебаклот од Австрија (1:4) придонесоа Македонија да загуби дури 17 рејтинг поени и со 1.335 бода го дели 73-то место со Кина.

Ова е најтешкиот пад за репрезентацијата на Македонија во последните година и шест месеци во кои постојано напредувавме.

Од ривалите во групата, Полска забележа скок за едно место и сега е 19-та. Австрија забележа драстичен напредок и скокна осум позиции па сега е 26-та на светот а Словенија и покрај последниот убедлив триумф, падна на 65. место. Израел е 82-ри а Летонија лизна четири места и сега се наоѓа на 137 место на ФИФА ранг листата.

Прва и натаму е Белгија пред светскиот првак Франција. После нив следуваат Бразил, Англија и Португалија. Во најдобрите 10 селекции на светот се уште и вицешампионите од Мундијалот во Русија, Хрватите кои забележаа пад за едно место, па Шпанија која скокна две позиции, Уругвај, Швајцарија и Данска.