Остај ја бе глуп, два метри е во аут

Тие што играле или играат серва во маало, сигурно го искусиле ова. Топката оди апла во аут, а ти ја фаќаш инстинктивно или намерно за да не трчаш по нејзе, па потоа расправии чиј е поенот. Во професионален спорт ова не сме го виделе до сега.

Се случи на меч во двојки на турнир во Монтреал, а глупавиот поен го загубија Фелисијано Лопез и Енди Мареј, откако шпанскиот ветеран ја направи аматерската грешката.

 

9 август 2019 - 15:38