Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.

После 14 кола, Каљари е најголемо изненадување во италијанското првенство. Се наоѓа на 4. место со 28 бода и во моментов рамноправно конкурира за место во Европа. Освоија 28 бода (8 победи, 4 нерешени и 2 порази). Сампдорија од друга страна е во тешка ситуација, на 17 место, една позиција над зоната за испаѓање, со само 12 освоени бода (3-3-8).

Инаку тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери е секогаш добројден во Каљари затоа што ја водел оваа екипа од 1988 до 1991 година и ја внел од Серија Ц во Серија А за само 2 години. Синоќа се потпиша на една од своите урамени слики.

Интересно, на истото место, во четврток пак играат Каљари и Сампдорија, овојпат во натпревар од 4. коло на Копа Италија.

3 декември 2019 - 12:35