Офсајд правилото за жени

Мажите повеќе нема да имаат проблем да им го објаснат офсајд правилото на своите понежни половини. Го имаме перфектното објаснување.

Ти си во продавница и на рафтот здогледуваш кондури (кои не ти требаат, ама мора да ги купиш), но пред тебе има друга девојка (на која исто така не и требаат кондурите, но и таа очајно сака да ги купи).

Вие двете сфаќате дека сте ги заборавиле ташните дома и немате пари во себе, но твојата другарка тоа го приметува и ти ја фрла нејзината ташна пред другата девојка.

Веднаш штом ташната полетува, ти можеш да се избуткаш пред другата девојка за да ја фатиш.

Ако ташната уште не е фрлена, ти не смееш да излезеш во редот пред другата девојка.

Тоа би било офсајд.

20 декември 2013 - 10:37