Новогодишните бомби Игуаин и Бенитез

Наполитанците важат за многу темпераментни навивачи, но и опасни. Пред два дена пишувавме дека ги ограбуваат играчите, а за празнициве ги користат нивните имиња за поуспешна продажба на пиротехника.

Полицијата во Неапол на неколку дена пред дочекот на новата година заплени многу петарди, ракети и други пиротехнички средства, но пронајде и експлозивни направи кои се опасни по живот.

На тезгите во Неапол се продаваат бомби со имињата на Рафа Бенитез и Гонзало Игуаин, крстени по нивните прекари Дон Рафе и Пипита. Тоа се всушност експлозивни направи кои можат да дигнат во воздух цела куќа.

Цената на една таква бомба која е недозволена на пазарот чини 500 евра, а продавачите често пати кога ги продаваат за новогодишните празници користат имиња на најголемите ѕвезди од тимот.

Претходно истиот трик го користеа користејќи го името на Кавани, а во подалечното минато продаваа бомба со називот „Топката на Марадона".

26 декември 2013 - 21:21