Новата драма на Марсело ’Ел Локо’ Бјелса

Враќањето на Марсело Бјелса во Лига 1 беше една од главните причини да се следи францускиот шампионат, но историјата на Ел Локо во Лил имаше чуден заплет и нејасна завршница.

Во главните улоги:

Марсело Бјелса - главен тренер на Лил
Луис Бонини - екс-тренер во репрезентацијата на Чиле
Фернандо Да Круз, Жоао Сакраменто, Бенуа Делавал и Франк Манто - заменици на Бјелса во Лил.

Раководството на Лил

Дејствие прво

Стадион „Пјер Моруа“

Околу 43.000 навивачи на Лил ги пречекале фудбалерите пред дуелот со Марсеј со една желба - победа. Пред тој меч очајната серија на Лил во првенството достигна до 9 меча без славје.

Марсело Бјелса со вообичаен убиствен израз на лицето ги скенирал играчите и обработувал информации. Планот на Лил да игра контранапади пропаднал после само 5 минути. Му подариле на Марсеј фаул од десниот агол, Флоран Туван ја наместил топката, центрирал а Морган Сансон дал гол за конечни 0-1.

Лил падна во зоната за испаѓање.

Дејствие второ

Подтрибинско комешање на стадионот „Пјер Моруа“.

Ексцентричниот Аргентинец му одговарал на кореспондентот на L'Equipe кој му поставил неколку остри прашања на тема отказ. Ел Локо, каков што го дал Господ рекол дека е спремен да го напушти клубот но во тој случај управата ќе треба да му плати не 7 милиони евра, туку 14 милиони евра компенсација. Таа изјава го запалила Лил до крајни граници.

(после долгоочекуваните победи над Мец и Сент Етјен)

Во салата за чекање на аеродромот во Лил најголемите фудбалски зналци го препознале осамениот Марсело Бјелса како пие капучино но никој не му се обратил.

’Ел Локо’ станал од своето седиште да ја чекира картата за летот Лил - Сантијаго. Основа сврха на неговото патување во главниот град на Чиле бил - состанок со стариот пријател, поранешен помошник на клупата на Чиле Луис Бонини. Неколку дена претходно Бјелса дознал дека неговиот пријател е смртно болен и дека му треба поддршка.

Лил за сево ова дознал дури подоцна.

Следниот ден по слетувањето на Бјелса, неговиот пријател Луис Бони починал од рак на желудникот на возраст од 68 години.

Дејствие трето

(Базата на Лил во Домен де Лучин)

Стад де ла Мосон

Лил го дочека следниот меч кај Монпелје без главниот
тренер и изгуби 3:0. Тогаш се случило како кога премногу се вари супа па преварува. Додека клубот конечно не го решил прашањето со аргентинскиот стар лисец, одговорност за резултатите добиле четири луѓе од стручниот штаб: Фернандо да Круз, Жоао Сакраменто, Беноа Делавал и Франк Манто.

Дејствие четврто

(Еден од француските ресторани во Лил)

За време на мечот на Лил со Монпелје отстранетиот од работа Бјелса седел во ресторан со тефте и папки. Го анализирал дејството на играчите и пишувал замерки. Вработените во ресторанот љубопитно го набљудувале од страна.

Дејствие петто

Клупски канцеларии на Лил

Ако може да му се верува на францускиот печат, Лил свикал совет на сите директори за што побрзо да најдат замена за сменетиот Бјелса. Во клубот разгледувале три кандидатури - екс-тренерот на ПСЖ Лоран Бан, неодамна отпуштениот Оскар Гарсија од Сент Етјен и тренерот на Вотфорд Марко Силва.

Марсело Бјелса решил да оди до крај и поради неоснованиот раскин на договорот решил да ги даде на суд каде на 12. декември треба да заседава правна комисија.

Во меѓувреме резултатите на Лил без Бјелса тргнале добро. Лил ја прекинал победничката серија на Лион и триумфирале 1:2. Набрзо минимално го совладале и Тулуз па избегале од зоната за испаѓање.

6 декември 2017 - 15:50