Нестогол е голгетериште, го мина и Кавани во Палермо

Кога дојде од Хрватска, кога успеа да стане капитен, па уште и да влезе во историјата на сицилијанскиот клуб. На македонскиот голгетер му беа потребни само три сезони да влезе во друштво на најдобрите 10 стрелци на Палермо. Респект.

Палермо води грчевита битка за да се врати во Серија А каде директно одат првопласираните две екипи, а синоќа освои многу важни гостински бодови против Беневенто на кој му избега 6 бода.

Сега Палермо е трет со 56 бода, но има натпревар помалку од Лече кој има 57 на втората исто колку Бреша кој е лидер, но со два меча помалку. Според моменталната ситуација на табела на 5 кола до крај, веројатно ова ќе бидат екипите кои ќе се борат за првите две места. Инаку вториот пат е преку плејоф.

Синоќешниот гол на Несторовски број 12 сезонава, не само што му донесе важна победа, туку и еден доста добар податок кој не е занемарување. Ил капитано се наоѓа во топ 10 стрелци на Палермо со вкупно 37 голови, а синоќа го стигна Единсон Кавани.

Според моменталната ситуација на табелата на најдобрите стрелци во историјата на клубот прв е Фабрицио Миколи, а македонскиот напаѓач ја дели деветтата позиција со Уругваецот и со уште еден напаѓач.

Со оглед на тоа што им дише во врат на тројца, му фалат само 6 гола за да стане шести најдобар стрелец. Од четвртопласираниот Лука Тони е оддалечен 14 голови.

Иле е вториот македонски фудбалер кој успеал да стигне до ваков успех во Италија. На листата на 10 најдобри стрелци на еден италијански клуб е и Горан Пандев.

Но тој има 64 гола постигнати за Лацио и е најдобар стрелец меѓу странците. Како што гледате, на листава ги нема ниту Креспо, Клосе и ниту еден друг странец од таа славна банда.

Убави се овие бројки за македонските репрезентативци кои докажуваат дека немаат епизодна улога во италијанскиот фудбал. Нестогол е ултра популарен на Сицилија и откако го облече дресот на Палермо е водечки стрелец на тимот.

Тој уште кога дојде постигна 6 од првите 9 гола на Палермо, а тоа му донесе една неверојатна статистика уште на самиот почеток во Серија А.

Опта тогаш извади податок со петмината најпрецизни стрелци во топ 5 лигите во Европа според процентот на реализација. Илија се најде втор.

Беше вториот странец кој успеал да стане најдобар стрелец во хрватското првенство.

15 април 2019 - 09:59