Нема шанси да погодите кој се повлекува од фудбалот

Во овие набиени празнични денови ни кидна една многу важна вест која ептен имаме ќеиф да ја објавиме. Се шегуваа со него, ама дечкото си направи кариера за почит. Клубот му се викаше Манчестер Јунајтед, а тренерот Сер Алекс Фергусон. 10 години – 14 трофеи. Фала многу пријатно.

По 20 годишна успешна кариера за фалење, копачките на клинец ќе ги закачи Џон О`Ши. Можеби и сте се смешкале на негова сметка затоа што тогаш најголем углед во одбраната на Јунајтед имаа Фердинанд, Видиќ, Невил, а О`Ши сте го сметале за играч од втор ешалон чисто колку да пополни место.

Ама Ферги немаше такви. Мораше да се испотиш и да се докажеш за да заслужиш место во прв тим, а Џон беше еден од тие. Плус беше универзален играч кој стариот лисец го користеше и во напад и во средина, а знаеше и да се уфрли и во напад каде има партиципирано со 15 гола.

Ирскиот репрезентативец кој имаше 118 настапи за својата земја гордо го носеше дресот на Манчестер Јунајтед 10 сезони, а го земаа на 17 години. Фактите говорат: 5 титули Премиер лига, 1 ФА Куп, 2 Лига Купови, 4 Комјунити Шилдс, 1 ЛШ и 1 Светско клупско првенство. Па што сакате повеќе?

Требаше стварно да те бива за да направиш кариера во тимот на Фергусон особено во најубавите денови на Јунајтед, а Џон O`Ши го биваше за многу работи.

Му даде мајсторски гол на Арсенал ала Кристијано Роналдо

Го реши Ливерпул на Енфилд во 90-та минута

Го дриблаше Фиго

А знаеше и да брани во ситуација кога Ван Дер Сар мораше да излезе поради повреда при три направени измени

Ако после заминувањето од Олд Трафорд му го загубивте трагот да знаете дека играше уште 7 сезони во Сандерленд, а оваа ја одигра во Ридинг во Чемпионшип лигата.

2 мај 2019 - 15:00