Нема понатаму, Англичаните дефинитивно се најлуди навивачи

Толку се спонтатни и добри зафрканти, што просто ти е мерак редовно да го следиш англискиот фудбал во пониските лиги. Она што се случи со Лидс Јунајтед и Дерби е многу смешно.

Во четвртокот англиските медиуми соопштија дека во тренинг базата на Дерби Каунти полицијата привела човек кој наводно со двоглед им ги шпионирал тренинзите во пресрет на дербито со Лидс Јунајтед во петокот вечер. Френк Лампард, кој го тренира Дерби рекол дека биле вознемирени од настанот и дека тоа веројатно бил човек на Лидс.

Полиицијата во комбе го привела непознатиот шпион кој се прекачил преку ограда и го шпионирал тренингот на Дерби Каунти:

За време на дербито кое синоќа Лидс на нашиот Алиоски го доби 2-0, еден домашен навивач влегол со двоглед како зафрканција на настанот во Дерби и ги гледал гостинските навивачи:

Во меѓувреме од другата трибина гостинските навивачи пееа: „We're Derby County, we don't need to spy“: 

На ова домаќините чиј тим е прв на табелата им вратиле:

"We are top of the league, we are Leeds United, we are top of the league“:

После мечот кој Лидс го доби 2-0, тренерот на Дерби Каунти Лампард симпатично раскажал дека ваквите „валкани“ игри зад сцената го потсеќаат на големото ривалство меѓу Брајан Клаф и Дон Рејви на времето но дека тој никогаш не би си дозволил да праќа шпион: „Попрво не би се занимавал со професијата тренер отколку да праќам шпиони“.

Марсело Бјелса на прес-конференцијата признал дека лично тој го пратил младиот скаут да шпионира тактика во Дерби и дека тоа го правел уште кога тренирал во Чиле и Аргентина.