Не бе овие не ја рогаат за жива глава

И покрај тоа што последното коло им беше само проформа, Каталонците не прават исклучоци кога е во прашање нивната филозофија на игра. 2 посто не го есапеа пресингот на Еибар и со само три додавања излегоа од калта. Четвртото веќе беше асистенција за гол.

Меси даде два гола за две минути и со 36 комада по шести пат стана прв стрелец во Ла Лига. 

Сите четири гола на ремито 2:2 со Еибар паднаа во прво полувреме. За издвојуваме е и овој на домаќините.

20 мај 2019 - 09:53