Најлудиот хет-трик на сезоната - 2 гола од корнер и 1 од слободен

Додека траат квалификациите за Европско 2020, како и Светското во кошарка во Кина, англиското фудбалско подземје не застанува. Најјако беше во трета лига од каде доаѓа луд хајлајтс.

Во натпревар од 7. коло првопласираниот Викомб го пречека Линколн, а херој на мечот стана левиот бек на домашните Џо Џејкобсон:

- Во 5’ минута Џејкобсон постигна преубав гол од слободен удар со познатиот „сув лист“

- Во 35’ минута од корнер со силно ефе проба во поблискиот агол, голманот и одбранбените фудбалери се збунија и топката заврши во гол;

- Во 75’ минута, осоколен од тоа што го направи 40 минути порано, Џејкобсон директно шутираше во гол и постигна преубав погодок за потврда на триумфот:

„Не давам многу голови, така што кога ми се укажа шанса да ја земам топката (оној што дава хет-трик обично ја зема топката за спомен), ја грабнав и си ја однесов дома, секако“, рекол Џејкобсон после мечот.

Ако некој смета дека имал помош од ветерот или од несмасните противнички бекови, треба да знае дека истиов лев бек минатата сезона дал два гола од корнер исто.

„На тренинг го вежбав тоа цела недела и бев ужасен, не можев ни близу да погодам, катастрофален бев“, вели Џејкобсон за BBC Radio 5.

За крај вели:

„Не знам дали другите дечки се среќни исто зошто мораше да трчаат од шеснаесетник до шеснаесетник без причина зошто јас шутирав во гол“.

Еве го хет-трикот и од друг агол: 

10 септември 2019 - 09:58