Најјаките анегдоти за Пирло со Гатузо

Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.

Во автобиографијата „Мислам значи играм“ (Penso quindi gioco) на Андреа Пирло, која излезе пред неколку години, има неколку анегдоти за Џенаро Гатузо. Најинтересните ги издвојува авторот Алесандро Алчато.

„Кога бевме соиграчи во Милан, секогаш ме зафркаваше за нешто, ама доби повеќе шамари од мене отколку од татко му. Јас и тој бевме како Бад Спенсер и Теренс Хил“, вели Рино Гатузо за Пирло со кого имаат преку 300 заеднички натпревари на терен.

ЗАТВОРЕН ВО СОБА

„Бегавме кога ќе збеснеше. Па ќе се смиреше и ќе се затвореше во соба. Е тогаш почнуваше циркус. Се враќавме кај него и пред врата стававме се што ќе најдеме, мебел, кревети, столици, маси, па беше затворен не можеше да излезе.

„Отверете ќе почне тренинг ќе закаснам“, урлаше од внатре а ние му викавме: „Снајди се сељак“. И тогаш полудуваше, буткаше се напред, кршеше. Ама и така збеснат беше добар во душа. Секогаш го доживував како лик на Вуди Ален“.

КРЕВЕТОТ СО ПЕСОК

Маестро Пирло, најдобриот играч на својата позиција во свое време, бил мајстор и за мајтап. Тој секогаш смислувал нешто ново за да го зафркава Рино. А Гатузо, таков каков што е, никогаш не сфаќал шега и скокал на прва да се тепа.

Меѓу ортаците за мајтап му биле Неста и Одо кои еднаш додека Гатузо спиел го врзале со вреќа со песок до креветот, па кога го испровоцирале тој бесен пробал да стане и цел песок завршил над него.

„Пирло изгледа мирољубив, ама со должна почит кон мајка му, голем курвин син е. Беше спремен да ме зафркава со месеци и месеци“, раскажал еднаш Џенаро.

СМС ПОРАКАТА ДО БРАИДА

Ѓаволот можел да ја однесе шегата кога Пирло се решил за опасна заебанција.

Во време кога Гатузо во секој момент очекувал понуда за нов договор и за тоа се допишувал со спортскиот директор Ариедо Браида, Андреа му го украл телефонот за момент и му пишал смс на Браида:

„Драг Ариедо, ако ми го дадеш тоа што го барам за договорот, ќе ти ја дадам сестра ми“.

Кога Гатузо дознал, го бркал по сите соби и веднаш му се јавил на Браида: „Шефе, Пирло се глупираше пак“.

ДЕ РОСИ СКРИЕН КАЈ ГАТУЗО ВО СОБА

„Даниеле, пред натпреварите на Италија, ќе влезеше кај Гатузо во соба и го чекаше по пола саат некогаш, скриен под кревет. Џенаро ќе дојдеше, ќе миеше заби, ќе се спремаше за спиење, ќе облечеше тигрести пижами и ќе земеше книга да чита. Јас во исто време бев скриен во плакар и правев страшни звуци додека Де Роси го тегнеше за нога. Рино се преплаши во прв момент, ама кога сфати дека го мајтапиме, прво Де Роси си го доби, па јас“.

ПП АПАРАТ

Една вечер Де Роси и Пирло дошле со ПП апарат во раце пред собата на Гатузо. Штом овој отворил врата, го направиле лом со апаратот. Де Роси вешто избегал кај себе во соба и се заклучил а Пирло неснаодливо немал кај да бега па завршил кај Гатузо во раце. „Такви звуци на филм само сум слушал. Кога Гатузо бесен те брка, можеш да бегаш колку сакаш ама на крај ќе те фати како лав газела“, раскажал некогашниот капитен на Рома за тоа што му направил Џенаро на Пирло.

СМРДЕА НА ПОТ

Во биографската книга на Алчато за Пирло има и една друга анегдота.

„Џенаро е страшно суеверен, до толку што во Германија 2006 (Светското првенство) повеќе од месец дена носеше една иста . На 40 степени летно време, одеше како нуркач и почна да смрди. Не помагаше ни апарат за гаснење, требаше една тегла лаванда цела.

Гатузо отсекогаш ми беше прв на листата за мајтап и покрај тоа што во неколку наврати проба да ме убие со вилушка“, вели Пирло.

АНТИДОПИНГ

Во репрезентацијата на Италија, легендарната генерација која го освои Мундијалот 2006-та, Гатузо најмногу мразел кога ќе го викнеле на допинг контрола. Го мрзело да оди, да чека, да го прегледуваат.

Пирло еднаш додека го тестирале Гатузо, го провоцирал со: „Псссс, псссс“, а Џенаро ржел од лутина.

КАРНЕВАЛ ВО РИО

„Кога Џенаро ќе отвореше уста да каже нешто, соблекувалната се претвораше во карневал во Рио: кривење, плезење, урлање, правевме воз, свиревме, не му дававме да се доискаже. Тоа го излудуваше до крајни граници“, раскажува тренерот на Јувентус.

ПОЛЖАВ

„На времето во Милан, Гатузо еднаш изеде полжав во кладба... А на крај не му дадовме пари“.

 ЗА 40-ОТ РОДЕНДЕН

Дента кога Гатузо полнел 40 години, Пирло му пратил порака: „По два месеци во Милан изгледаш како да имаш 50 години. Ако не не викнеш мене и Амброзини на твојата забава, ќе ти ја искршиме рибарницата“. 

РИБАРНИЦА

Кога сме веќе кај рибарницата со која Гатузо ја снабдувал кујната во спортскиот центар на Милан, Миланело, еднаш Пирло направил мајтап за тоа.

Додека сите играчи, стручен штаб и луѓе од управа мирно ручале, Пирло на глас со бесен тон викнал: „Рибава врска нема еј! Кај ја најдовте? Што е ова бе!“

Гатузо збеснал и ја стегал вилушката.

„Ако некој се осмелеше да каже дека не е добро, обично летаа залаци“, додава Амброзини.

КАЛАДЗЕ И РОДЕНДЕНОТ

Очигледно индоктриниран од Пирло и легендарниот Грузиец почнал да го зафркава Гатузо.

„Еднаш бевме на Малта на припреми. Еден ден му беше роденден на Гатузо. Ручаме официјално, свечено, и Каладзе станува, чука во чаша и вика: „Би сакал да наздравам, денес му е роденден на Рино“. Ние почнувавме да вриштиме од смеење, а Гатузо стануваше и нè удираше. Се враќаме во Милано и на првата вечера, Каладзе станува и вика: „Би сакал да наздравам зошто од денес за 364 му е роденден на Рингио“. И така на секој поголем ручек, Каладзе стануваше и го кажуваше истото. Гатузо збесуваше и нè удираше додека се смеевме“.