Најдраматичната 1 минута во Лига на шампиони сезонава

Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.

Ова уште долго ќе се памети: судиско продолжение, 4:3 за Манчестер Сити, но недоволно за пласман во полуфинале, им треба уште еден гол. Во 93’ минута Ериксен прави кардинална грешка во додавање, Агуеро ја прифаќа топката и додава до Стерлинг.

А Рахим маестрално со замав исфрла двајца противнички фудбалери од игра и го спружува Лорис за 5:3 и лудило на Етихад!

Рахим оформи хет-трик, во тие неколку секунди беше херој на незаборавната вечер додека навивачите беа во транс:

Тотенхем во само неколку секунди изгуби сè. Им се сруши светот додека домашниот стадион се тресеше од радост:

А Пеп Гвардиола?

Да имаше апарат за мерење среќа и воодушевување, кај него ќе свиреше непрекинато

Но после неколку секунди сознание дека Чакир по консултација со помошниците од ВАР собата, ќе гледа видео повторување. Гледаше турскиот судија неколку секунди и одлучи: Агуеро бил во офсајд. Голот се поништува.

Светот на Гвардиола и сите навивачи на Сити се сруши во еден миг. Пеп падна на колена во неверица 

Почетино кој пред неколку секунди преживеа „трагедија“, уште беше мирен и сфати дека има уште пар минути и Тотенхем ќе оди понатаму:

После неколку секунди, Почетино можеше да дише и да урла од среќа со неговата екипа и гостинските навивачи: