Непознати извадоци од новата книга за Мурињо

На 29. септември во продажба излегува книгата „Жозе Мурињо, одблизу и лично“, напишана од спортскиот новинар Роберт Бејли кој открива што сè му раскажал Португалецот за неговата кариера.

Мурињо му се заканувал на Венгер дека ќе му го смачка лицето

Контекст: Една од најдолгите епизоди на омраза достигна ново ниво со враќањето на Мурињо во Англија. Вториот престој во Челси на Специјалниот го одбележаа многу настани - од карактеристики „специјалист за глупости“, тепачката со Венгер, трансферот на Петр Чех во Арсенал како и лошиот однос со Венгер поради коментарите за Мата од Челси во Манчестер Јунајтед.

Цитат: „Неколку дена по настанот, Жозе ми раскажа дека кога господин Венгер ги критикувал Челси и Манчестер за трансферот на Мата, еден ден сакал да го најде надвор од фудбалскиот терен и да му го смачкам лиецто“, пишува новинарот Бејлис во книгата за Мурињо.

Војната меѓу Венгер и Му кулминираше при гостувањето на Арсенал на „Стемфорд Бриџ“ на 5. октомври 2014. година. Чесли загуби 0:2, но мечот повеќе се памети по неверојатната агресија од страна на менаџерите крај аут линијата. Малку фалеше да се степаат со тупаници.

„Го прашав Мурињо што се случило, а тој ми кажа: ’Бараше црвен картон за наш играч и од моето поле вршеше притисок врз судијата. Му предложив да се врати во своето а тој грубо ме турна. Му реков: ’Знаеш дека не можам да ти одговорам овде, ама еден убав ден ќе те сретнам на улица’. Сега не мислам дека Жозе навистина сакал да се тепа со Французинот, едноставно беше бесен.

Подоцна во сезоната Жозе открил нешто неверојатно по триумфот на Челси над Свонси од 5:0.

„Кога се поздравив со Мурињо, тој беше нетрпелив да го гледа мечот Манчестер Сити - Арсенал следниот ден. Ми кажа: ’Да, тоа е во ред, но сега да го видиме Арсенал’. Двајцата бевме убедени дека Сити ќе победи, но Арсенал славеше 2:0.

Му кажав на Жозе дека тие просто го ископирале минатогодишниот план на Челси, но тој ме изненади кога ми кажа: ’Еден играч на Арсенал ми пиша СМС порака во која напиша дека фудбалерите се направиле сами, се спремале цела недела за мечот, Венгер не направил ништо.

Бил блиску да стане селектор на Англија, но ФА се однесувала разгалено

Контекст: Во ноември 2007. година Англија загуби дома од Хрватска на „Вембли“ 2:3 и не се пласираше на Европското 2008 каде среќно отиде Русија. Во продолжение чадорот и изразот на лицето на Стив Мекларен станаа симбол за неуспех. Неговото место многу сакаше да го наследи тренерот кој претходно замина од Челси.

„Набрзо откако го напушти Челси во септември 2007. година, Жозе ми прати порака за паметење. Бев во хотелот Sopwell House во Хартфордшир и ја слушав прошталната прес-конференција за новинари на селекторот во заминување, Стив Мекларен. Кога го зедов мобилниот видов СМС порака и видов дека е од Мурињо. Таму пишуваше: ’Дали Англија е заинтересирана за мене’? Какво прашање! Знаев каков е мојот личен одговор: Да! Уверен бев и дека сите англиски навивачи исто мислат“, се сеќава новинарот Бизли.

Друго мислела FA. Но ако не ризикував немаше да знам ништо. Затоа одлучив да дознаам и отидов кај директорт на FA за односи со јавност, Адриан Бевингтон и му ја покажав пораката. Тој се запали и му дадов телефонски број од Жозе и негов мејл. Го замолив тоа да биде тајна. Се договоривме и кажа дека што побрзо ќе зборува со извршниот директор на сојузот Брајан Барвик. Го известив Жозе и двајцата го следевме развојот на ситуацијата.

Меѓутоа работата не мрдала од мртва точка. Тие денови, Жозе бил многу растроен и нестрплив и подоцна му пратил на новинарот друга порака: „Досега нема никакви вести од FA“.

Во квалификациите за СП2010 во Ј. Африка седев неколку ред под Барвик и Бевингтон. Отидов и им ја покажав и втората СМС порака од Мурињо и прашав зошто не одговараат? Го сакаат ли за селектор?

Тие продолжија: ’Да, секако дека го сакаме’. И бараа извинување пред Жозе, затоа што имале многу обврски со отказот на Мекларен и подготовките за Светското. Наскоро ќе дошле да сме збореле“, се сеќава авторот на книгата за Жозе Мурињо.

Мурињо во себе чуствувал дека работата е готова и дека ќе го именуваат веднаш после Божиќ. Инсистирал помошници да му бидат некои од неговите најблиски луѓе и десна рака да му биде легендата Тони Адамс. Конкурент на Адамс му бил Ширер а FA веќе спремала соопштение.

„Возев на автопатот М40 на меч на ’Стемфорд Бриџ’ кога ми стигна порака од Мурињо. Ми се скрши срцето. Почнуваше со: ’Не брзај да објавиш веста за Ангија...’ Во продолжение ми напиша дека Интер му се обратил со богата понуда и морал да ја прифати. Рекол дека секојдневната работа со играчите му е сериозен аргумент“, вели Бејлис.

„Многу бев разочаран и истата вечер му напишав на Бевингтон дека Мурињо веќе не е заинтересиран да биде селектор на Англија и дека нашол работа на континетот. Тој остана изненаден. Ако FA му понудеше договор порано, тој ќе станеше селектор“.