На Пандев му ја сменија националноста

Фудбалерите на Џенова го совладаа Лацио на гости со 1:2 во последниот меч од 23. коло во Серија А, а една реномирана новинска агенција изненади повеќе од резултатот во Рим.

Резултатот на Олимпико го отвори Горан Пандев со гол во 55-та минута, а некои медиуми во извештаите за натпреварот капитенот на Македонија го напишаа како Црногорец.

И после 18 години кариера од кои 14 во италијанската Серија А и една во Турција, а згора на тоа и репрезентативен стаж од 2001-ва година, некои луѓе кои се занимаваат со спортско новинарство  несфатливо е како може уште да не знаат од каде е нашиот најдобар и најпознат фудбалер со меѓународна слава.

Тој ниту сега почнува кариера, а ниту е фудбалер кој е заглавен во нашата кутра македонска лига. Играше за клубови како Лацио, Интер и Наполи, а плус освои тројна круна со Мурињо.

Киксот го направи worldsoccertalk

А исто и channelnewsasia

Гафот изненадува уште повеќе бидејќи потекнува од познатата француска новинска агенција „АФП“, а овие слепциве само препишувале.

Добро што Црногорец го напишаа :).

7 февруари 2018 - 11:28