Моментите кои го создадоа Меси

FourFourTwo направи одлично спакуван документарец за минијатурниот гениј кој не се чува. Го прашуваат за најважните моменти од кариерата како што се дебито за Барселона, првиот гол, првиот хет-трик на Ел Класико, слаломот против Хетафе, дебито на Светско...

Освен Меси во документарецот зборуваат и Алкантара, Рафиња, Чаби Алонсо, Андерсон, како и неколку новинари. Еден од нив ги пренесува зборовите на Роналдињо, тогаш најдобар во свет, на првиот тренинг на Меси во Барселона.

„Она момче кое има 17 години, ќе биде подобар од мене“.

Трае 20 минути, ама се гледа во еден здив. Изработен е многу професионално како што доликува на еден светски фудбалски магазин. Интервјуто со Меси го снимиле во мај годинава, а го објавиле во јули.

Со вчерашните два гола против Јувентус, Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation (RSSSF) му изброиле дека станал седмиот фудбалер во историјата кој стигнал до 600 голови за клуб и репрезентација на официјални натпревари.

13 септември 2017 - 16:00