Митот за тоа колку стомачни вежби прави Роналдо на ден

Како што на времето постоеше анегдота дека Синиша Михајловиќ има страшно силен шут поради тоа што наводно правел по 2.000 стомачни сабајлечки, така и денес се плетат разни анегдоти околу стомачните на Кристијано Роналдо.

Откако му даде гол на Манчестер Јунајтед, Кристијано истрча пред едната трибина и го крена дресот да ги покаже стомачните мускули - доволна причина да се отвори прашањето за неговите подготовки.

Самиот Роналдо низ годините неколку пати зборувал дека како помал бил толку слаб и ситен што ветер можел да го одува. Еден ден решил да го смени тоа.

„Немав никакви мускули. На 11 години сам на себе си ветив и одлучив. Знаев дека имам голем талент и решив дека ќе работам многу напорно. Навечер скришно излегував од својата соба во интернатот за да вежбам. Станував покрупен и побрз. Кога излегов еднаш на терен, луѓето кои постојано шепотеа колку сум слаб, ме гледаа со израз на лицето како да е крај на светот“, пишал Кристијано во колумната за The Players’ Tribune.

Манијакалната посветеност и опседнатост со мускулите продолжила и во Манчестер Јунајтед. Во 2009 година таблоидот Daily Star напишал дека Роналдо прави по 3.000 стомачни на ден.

Оваа бројка изгледала нереална па многумина не поверувале. Наскоро станала и мит кој никогаш не бил поткрепен.

Во 2016-та далеку посериозниот медиум The Telegraph раскажал една друга историја за стомачните на Роналдо.

Се испоставило дека пар години откако дошол во Манчестер, Кристијано заедно со сер Алекс Фергусон и неговиот помошник Мајк Фелан отишле на една клиника затоа што младиот Португалец се жалел на остри болки во пределот на стомакот.

Причината брзо ја октриле: Кристијано правел по 700 стомачни на ден и морал да престане и да се смири.

Во март 2017-та Португалецот конечно ја открил вистината и ги урнал сите митови и легенди: „3.000 на ден? Не, не, не правам 3.000 стомачни ниту во една недела а камоли дневно. Тренирам стомачни мускули 4-5 пати неделно, а најмногу стигнувам до 200-300. Не сакам да правам многу затоа што има голем ризик да се добијат кила или да се направи проблем со дисковите.“

За принципите на тренинг Кристијано раскажувал повеќе пати.

„Да се јаде редовно. Ако се занимавате со спорт, мора да ја следите енергетската рамнотежа и да го храните организмот за најдобри резултати. Јас јадам до шест пати во денот и тоа помали порции.

Многу е важно да се пие многу вода.

Вежби за стомакот може да се прават дури и во спалната соба кога ќе станете од спиење. Или обратно, кога легнувате да спиете. Ако ви стане навика, ќе ви биде поедноставно.“

Спремното тело на Кристијано Роналдо му дозволува овој често да се фали со него. На почетокто на 2016 година се појавил на насловната страна на магазинот GQ заедно со моделот Алесандра Амброзио.

На ова интересен и смешен одговор имаше легендарниот германски голман Оливер Кан кој во 2016-та рекол: „Во последно време во весници ги гледам стомачните на Кристијано Роналдо повеќе од градите на жена ми.“