Марко Арнаутовиќ на македонски се извини јавно за инцидентот

Откако баш претера при прослава на голот со кој ги постави конечните 1-3 за Австрија, Марко Арнаутовиќ објасни зошто се однесувал така иритантно.

Одличниот шпиц кој играше за Интер и Вест Хем а сега настапува во Кина за Шангај Порт, од клупата за резерви го почна мечот, па во вториот дел влезе во игра и во финишот во 89’ минута постигна гол за решавачки 1-3.

Во ист момент почна да му дофрла и да го навредува нашиот бек Езџан Алиоски додека капитенот Алаба му ја затнуваше устата, но сега вели дека жали за бељата. Капитенот Алаба го брани дека најверојатно бил нервозен зошто не го почнал мечот со стартните 11.

„Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Во тој момент тоа беше борба на зборови поради пресилни емоции. Имам пријатели од цел свет. Жал ми е поради инцидентот и се извинувам. Ајде да заборавиме на тоа зошто не е дел од фудбалот“, додал Арнаутовиќ во денешното обраќање до новинарите

Седумката на Австрија после мечот му пријде на Алиоски, си пружија рака и ја смирија тензијата.

Корпулентниот Арнаутовиќ на 11 мај се повредил на меч за кинескиот клуб Шангај Порт а во полн интензитет почнал да тренира дури на 4 јуни поради што селекторот Франко Фода го држеше на клупата.

Арнаутовиќ го постигна 27-от гол за Австрија.