Марка го спружи Бејл на насловна со свој редослед на зборови

Додека Велс го славеше пласманот на ЕП 2020, Герет Бејл ептен ја оплеска, бидејќи ја прифати шегата со знамето на кое стои каде му е Реал Мадрид според приоритетите. Навивачите на Реал збеснаа, силно удри и шпанскиот печат, а од клубот како уво да ги боли.

Најпознатиот шпански весник на провокацијата на Бејл: Велс. Голф. Мадрид, во контекст дека клубот му е на последно место, одговорија со насловна: Без почит. Погрешен. Неблагодарен.​​

Целата фора со голфот потекнува од летоска кога велшкиот репрезентативец избегна предсезонски натпревар со Реал и беше фатен од шпанските медиуми како игра голф. 

Тоа беше проследено како голем скандал по што почна да се шират шпекулации дека во јануари ќе биде продаден. Во ситуација кога е во каша и нема голема минутажа, Бејл дупло ја оплеска и фати да ремети сериозен клуб од кој уствари зема плата и со кој има освоено четири трофеи во Лига на шампиони.

За чудо, нема реакција ниту од Зидан, ниту од Флорентино Перез, туку само една мека и несфатлива реакција од клубот која ја пренесе Марка:

„Постојат гестови кои фудбалерите не треба да ги прават. Тоа што го направи Бејл во вторникот е еден од тие случаи. Јасно дека позирањето со таков натпис не е убаво прифатено меѓу навивачите, но тоа не го промени тоа што тие го мислат за него, односно дека е најдобар фудбалер кој Реал го има во моментов во составот“.

 Фергусон да ти беше ќе играше со истиот дрес на ПЕС.

21 ноември 2019 - 09:48