Мапа на нациите во МПФЛ

Инспирирани од мапата на нациите кои се претставени во англиската Премиер лига и ние решивме да направиме скромна мапа на нациите на играчите кои настапуваат во македонската Прва фудбалска лига.

Во моментов во фудбалските клубови од Првата лига според transfermarkt се регистрирани 257 фудбалери од кои 16 (6%) се странци.

Најмногу (6) ги има од Србија, по тројца од Црна Гора и од Босна и Херцеговина и по еден Хрват, Бугарин, Шпанец и Бразилец.

13 август 2013 - 10:50