Манирите на El Maestro, професорот селектор на Уругвај кој владее со ботаника

Селекторот на Уругвај, 71-годишниот Оскар Табарез е една од најмаркантните фигури на Светското 2018. Имасериозен здравствен проблем (синдромот Гијен-Баре), но тоа не му сметаше да го внесе Уругвај во четвртфиналето и да го исфрли Кристијано Роналдо од Светското првенство.

Оскар Табараз неизмерно го почитуваат во татковината. Тој е селектор на Уругвај веќе 12 години. Се занимава со сите категории на репрезентацијата и ги посетува тренинзите на многу уругвајски клубови, иако е речиси неподвижен.

Табарез е еден од најзаслужните за откриениот талент на Суарез и Кавани кои ги гледал кога имале по 15 години.

„Табарез постепено го освои расположението на сите играчи со својата работа. Вредности како што е другарскиот однос се клучни за успехот. Со него сме како ученици со учител. Тоа ни помага многу во репрезентацијата“, раскажал еднаш Кавани.

Споредбата со учител не е случајна. Оскар го викаат професорот затоа што тој и самиот бил професор (el Maestro). Прекарот доаѓа од неговата учителска работа во школо.

Својата играчка кариера Табарез ја завршил во 1979 година како одбрабен играч на клубот Бела Виста. После неколку операции на коленото веќе не можел да продолжи да игра како претходно.

За разлика од другите играчи кои не знаат што да прават со себе по завршување на кариерата, Табарез паралелно со курсот за тренерска лиценца - предавал во школо.

На почеток на кариерата даскал, Оскар воопшто не планирал да му се врати на фудбалот. Сакал да учи и активно изучувал историја и филозофија - тоа сакал да го предава.

Најпрвин станал учител во помлади класови. За две години работел во три школо и во секое одделение бил најомилен наставник.

Но малку го плаќале а дома имал жена и четири деца. Тоа го приморало да му се врати на фудбалот, станал тренер на детски екипи. Прво ги тренирал само еднаш дневно, а потоа и два пати кога заминал од школото.

Осум години подоцна Табарез за првпат станал селектор на Уругвај. Но и како најсакан фудбалски работник во земјата, тој продолжил да учи. По враќањето во репрезентацијата во 2006 година вовел предмет фудбалска историја за сите играчи.

„Еднаш игравме во Јапонија и меѓу нас разговаравме за тамошната неверојатна култура. По ручекот Учителот не собра и слушавме предавање за Јапонија, за нејзината историја, за се што има во таа земја. Тој е многу образуван човек“, се сеќава Диего Форлан.

Оскар Табарез многу се бори и за развој на културата. Организира посети на музеи и театри за младите фудбалери, им ја всадува љубовта за класична музика па дури и за ботаника. Раководителот на националниот образовен комплекс на Уругвај Клаудио Пагани бил воодушевен од знаењето на Табарез за растенијата.

El Maestro организирал и курсеви за англиски јазик за сите фудбалери од репрезентацијата кои ги учел на добри манири. За време на заедничкиот ручек или состаноци во репрезентацијата, никој не смее да го држи телефонот и бара од сите да бидат чисто облечени.

Интересно е што Табарез за секој следен натпревар ги менувал цимерите во репрезентацијата за играчите подобро да се запознаат меѓу себе. Тој од нив сака да направи подобри луѓе, не само подобри фудбалери.

„Јас сум фудбалски човек но знам дека во светот има многу поважни работи од фудбалот. Има и такви нешта на кои фудбалот може да им помогне. Спортот е должен да го подобрува здравјето и образованието - ние сме должни да вложуваме во развој а не само да заработуваме пари“, вели Табарез, најсаканиот човек во Уругвај.