Малиот навивач кој се појави со парола за Пандев и Нестор

На мечот Удинезе - Џенова се појави транспарент на кој дете со својот татко им дава поддршка на двајца играчи од две различни екипи, Горан Пандев и Илија Несторовски.

Се работи за двајца нашинци кои беа на средбата во Удине да ги гледаат во живо Пандев и Нестор.

Голови не видоа, а ниту настап на Несторовски кој сè уште не добива шанса после долгата пауза поради повреда, но затоа малиот Махир успеа да стигне до македонскиот центарфор и да добие фотографија.

Пандев ги одигра последните 17 минути од средбата.

„Нестор и Пандев, сега сум мал, но кога ќе пораснам сакам да бидам како вас” стои во пораката.

29 ноември 2021 - 07:57