Македонски синдром на самоуништување

Го носи епитетот најфудбалскиот град во Македонија, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, а на стадионот не знае човек дали некој сади бостан или одгледува тутун. Ама ќе се реконструирал, епа нека се реконструира де, зошто е како росна ливада?

ФК Победа сезонава се врати во прва лига, а им истече и 8 годишната суспензија од УЕФА за настап во Европа откако беше казнета за местење на натпреварот со Пјуник во рамките на Купот на УЕФА во 2004-та.

Како ли ја истуркаа сезонава која има уште 3 кола само тие си знаат бидејќи практично ниту еднаш не беа домаќини. Додека нивниот стадион е надвор од употреба со најава дека ќе се реновира, фудбалерите на Победа ги играат натпреварите на помошниот терен на Могила.

За овој ужасен изглед на стадионот кој личи на запуштена нива од пред 20 години на Фејсбук коментираше и поранешниот македонски репрезентативец и поранешен член на Победа, Панче Ќумбев.

Ама ќе се реконструирал, епа нека се реконструира де, сигурно не постои фудбалски навивач од Прилеп кој сака да го гледа ваков. Фино изгледа вака на видеово, кое инаку општина Прилеп го објавила на Јутјуб во 2012-та. Да не остане работава само на ЧЕ.

Додека надлежните се мачеле да најдат косилка, Прилеп како прволигаш знаеше да одржи по некој тренинг и во Горно Коњари чиј терен е како да ви кажеме...

Ај че биде.

16 мај 2017 - 16:34