Македонската трета лига го виде Дидие Дрогба

Исушена трева, дрвја, куќи и ограда на која висат луѓе, а позади гол пченки. Типичен амбиент за третолигашки меч на кој се среќаваат Локомотива Градско и Црнилиште. И кога наеднаш еден габаритен шпиц ја полни левицата за која ќе зборува цело село.

Евроголот е дело на 28 годишниот Николче Кимов, а коментарот од публика го прави овој драгоцен клип уште поавтентичен.

Нè потсети на голчиштево на Дрогба

За Локомотива имате повеќе тука.

23 ноември 2020 - 09:38