Македонска фудбалска реалноста во два потега

Во 30-то коло од македонската лига паднаа два гола по два комични кикса кои заслужуваат истрага која ниту ќе се случи, ниту па некој ќе помисли да го помрдне газот да ја спроведе. Маалските турнири се сфаќаат посериозно од нашата бедна прва лига каде веќе и кравите во терените - ливади, знаат дека има пазар.

Шкендија му бега 9 бода на Вардар на лидерската позиција, а на гостувањето против Беласица која се бори за опстанок играше со втор тим. Тоа е нелогично бидејќи прво до крај има уште 6 кола, значи титулата не им е обезбедна и второ: Што? Да не ги чуваат првотимците за полуфинале во ЛШ?

Шкендија по квалитет е драстично подобра од Беласица, ама не и според коефициентот во кладилница кој прво паѓал за победа на Беласица, а потоа мечот и го повлекле од понуда. Знаете како заврши?

Беласица - Шкендија конечни 2:1 со трагикомичен автогол на гостите.

На првиот гол гостите беа како заспани во одбрана

Другиот сомнеж се случи на мечот Шкупи - Академија Пандев 1:0 со гол во 86-та минута. А голот што да ви кажеме. Погледне како интервенираше голманот.

Во Македонија треба да постои само репрезентативен фудбал. 

25 април 2019 - 14:13