Лига на шампиони

Луда голеада, Тотенхем и Ливерпул во полуфинале!

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.

Лига на шампиони, четвртфинале, резултати:

МАНЧЕСТЕР СИТИ - ТОТЕНХЕМ 4-3 (3-2) вкупен резултат 4-4*, Хотспур оди понатаму поради гол повеќе на гости
/Рахим Стерлинг 4', 21', Бернардо Силва 11', Серхио Агуеро 59' - Сон 7', 10', Љоренте 73'/

ПОРТО - ЛИВЕРПУЛ 1-4 (0-1) вкупен резултат 1-6
/Милитао 69' - Мане 26', Салах 65', Фирмино 77', Ван Дајк 84'/

Полуфиналните дуели Тотенхем - Ајакс и Барселона - Ливерпул се играат на 30-ти април и 1-ви мај, а реваншите една недела подоцна.