Не ти требаат многу пари, само добри другари

Колочини за Че Гевара и Фидел Кастро

Фабрицио Колочини е еден од ретките фудбалери кои повеќе сака да прочита добра книга, отколку да разгледува каталози за бесни коли со соиграчите. Верува во идеологијата на Фидел Кастро и Че Гевара и се ужасува на злосторствата на нацистите.

Некогашниот стопер на Бока Јуниорс, Милан, Атлетико Мадрид, Депортиво Ла Коруња и Њукасл, а денес член на Сан Лоренцо во Аргентина, зборуваше за војните низ историјата. Се сеќава на посетата на нацистичките логори и ужасот кој таму го почуствувал.

„Додека играв во репрезентацијата, еднаш посетивме некои нацистички концентрациони логори и така првпат се заинтересирав повеќе за историјата на војните. Ќе почнеш малку да истражуваш и нема да ти се верува дека луѓето на пример правеле сапун од маста на други луѓе. Ужасно е што се луѓето може да сторат. Грозно се чуствував, ме фаќаше ужас. Потоа тага кога видов плински комори кои делуваат како туш кабини“, вели 34-годишниот Колочини кој играше за Аргентинец.

„По тој ужас, видовме просторија како некој авто-салон каде на луѓето им сечеле коса, заби, нокти. Слушаш нешто одвратно и мислиш дека не е можно да се случило. Не можеш да го замислиш тоа“, вели Колочини.

Долгокосиот Фабрицио на времето дојде во Милан како голем талент, а потоа имаше патешествие низ Европа. Најдобро и најмногу играше во Њукасл каде стана капитен. Вели дека во последно време фудбалот не го интересира толку колку книгите.

„Ми се допаѓа Че Гевара и храброста на тие луѓе кои се бореле за своите идеи. Сите знаеме дека моќните секогаш ги малтретираат послабите и дека големите сили владеат со светот. Го слушаме тоа што тие сакаат да го слушнат, па така велеа дека Кубанците се терористи, а тоа не е точно. Кубанците се бореле за своите идеали и против странските сили“, додава стоперот кој игра за Сан Лоренцо.

Откако видел на какви се ужаси е способен човечкиот род, Колочини признава дека тие работи му влијаеле на кариерата.

„Таквите нешта значат дека мора да ги следите своите идеали. Сите имаме некои амбиции, поготово во фудбалот, каде договорите се големи, милиони пари се во прашање, убави автомобили... Мора да се чувате од тоа затоа што животот го прават мали работи. Може да се возите во невидена кола, да имате милиони, но поважно од тоа е другарството“, смета 34-годишниот Аргентинец.

Количини играше и во Британија, земја која што војувала со неговата татковина околу Фолкландските острови. Признава дека му сметале коментарите и шегите на таа тема.

„Додека играв во Англија многу ме интересираше тој судир. Секако морав да ја почитувам државата во која живеев, па се воздржував кога некои се шегуваа за таа војна. Но ми сметаа тие коментари затоа што сум голем патриот. Многу луѓе во Англија нема појма што се случувало тамо. А во клубот запознав еден член на обезбедувањето кој како војник бил во Фолкландската војна, се борел за британската војска. Разговарвме, ми покажуваше фотографии од тоа време и ми призна: ’Се чуствувавме мизерно поради состојбата во која аргентинските војници беа пратени во вона. Беа многу млади, гладни, жедни, смрзнати и немаа соодветно наоружување, за разлика од нас кои имавме најмодерно оружје. Тоа ме трогна, да слушнеш од човек кој бил таму, од прва рака“, раскажува Колочини за битката меѓу Англија и Аргентина.

На крајот од разговорот за Гол.ком, Количини одговорил и на прашањето за повторно актуелниот наркобос од Колумбија, Пабло Ескобар.

„Често размислувам што луѓето можат да направат, неверојатни работи. Пабло Ескобар бил најголем дилер на дрога на светот, а изградил населба за 10.000 луѓе. Тој ум кој од една страна помага, а од друга прави толку зла те тера да се замислиш“, заклучува Фабрицио Колочини.