Колку пари ќе заработи секој клуб од Премиер лига за сезона 2016/2017

Најбогатата лига во светот која дели колач од ТВ права вреден 5,5 милијарди фунти, ги прави богати и клубовите кои ја напуштаат лигата, па така на пример еден Сандерленд фаќа џаде во втора лига со 100 милиони фунти или 50 помалку од шампионот.

Челси ја освои Премиер лигата, а Тотенхем како втор не значи дека е и втор по најголема заработувачка во изминатава сезона во Премиер лигата. Иста сума на пари ќе заработи и Ливерпул, додека Манчестер Сити ќе изброи малку повеќе од Тотенхем.

Во Премиер лигата се вртат толку многу пари што и екипата да се вика Барнли, Хал или Сандерленд не и бегаат 100 милиони евра.

Како оди тоа си парите?

Паричните награди како што е познато се делат според завршената позиција на табелата, но тоа е не е најголемиот приход за еден тим. Челси за лидерската позиција е побогат за 38 милиони фунти, а на Сандерленд како последен му следуваат 1,9 милиони фунти.

Вториот фонд од каде клубовите црпат пари се нормалниодоговорите за ТВ права од каде има две суми. Првата варира кај секој клуб, а втората е фиксна за секој и изнесува точно 84,4 милиони фунти, а ја исплаќаат Скај Спорт и БТ Спорт.

Пример Челси за сезоната 2016/2017 ќе заработи вкупно 152,8 милиони фунти односно 38 милиони за првата позиција на табела + 30,4 од тв права + 84,4 онаа втората сума која му следува на секој.

25 мај 2017 - 16:08