Кој ќе користи Фејсбук или Инстаграм ќе остане без пола плата

Мортада Мансур, претседателот на еден од најпознатите клубови во Египет и општо во тој дел од светот, Замалек, ги собрал сите играчи и тренери и им рекол дека тој што ќе има профил на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и слично, ќе му биде намалена платата за пола. И ќе бидете казнувани за секој нов пост на тие мрежи.

„Бирајте си, или Инстаграм и Фејсбук или Замалек, ваше е“:

Замалек после 3 кола во Египет има 2 победи и една нерешена средба, но изгубија во финалето на египетскиот Супер Куп 3:2 од Ал-Ахли и изгубија на првиот меч од Африканската Лига на шампиони (2:1 од Џенерејшн Фут).

17 октомври 2019 - 09:57