Кој го даде? Андрианариманана од Мадагаскар

Кога некој би барал да види дали Мадагаскар некогаш играл на голем фудбалски турнир, би добил прост одговор: до 2019 никогаш. Но летово играат на најважното првенство за цела Африка.

Од моментот кога е основана фудбалската федерација на Мадагаскар во 1947 година, се одиграле 49 големи првенства: од Куп на Африкански нации па до Светски првенства.

На Мадагаскар му се посреќи 50-от турнир - Африканскиот Куп кој во моментов се игра во Египет е првиот Куп на кој оваа земја обезбедила пласман.

Но не е само среќа во прашање. Од 2017-та година со фудбалерите на Мадагаскар работи Никола Дјупуи кој целата фудбалска кариера ја поминал како стопер во ниските лиги на Франција, а потоа 15 години го тренирал клубот Изер. Сега паралелно е селектор и работи како технички директор во францускиот четвртолигаш Флери.

Пред квалификациите за Купот на Африка репрезентацијата на Мадагаскар се обновила. Кога селекторот Дупуи почнал со работа, тој направил поголем тим на скаути кои требале по Франција да бараат играчи со мадагаскарски корени.

Кога ќе го погледнете составот на репрезентацијата која во првото коло сензационално одигра 2-2 против Гвинеја за која игра Наби Кеита од Ливерпул, ќе видите 14 играчи кои играат во Франција, а девет се родени таму.

Репрезентативецот Фанева Адриатисма кој игра во нападот вели: „Мадагаскар доби независност од Франција во 1960 година, но врската меѓу нас е многу силна. Во нашата земја нема професионален фудбал, затоа многу наши одат во Франција да играат фудбал. Јас заминав на 10 години. Среќен сум што играчите со двојно државјанство од Белгија, Франција, Германија и други земји може да го подигнат фудбалот на повисоко ниво.

Кога бев мал ги гледав Бебето, Леонардо и Ромарио како играат за Бразил. Се надевам дека нашето деби на Купот на Африка ќе стане пат кон успехот.

Во квалификациската група се паднаа со Сенегал кој заврши прв со 10 бода, а Мадагаскар беше втор пред Судан и Екваторијална Гвинеја. За пласманот на Куп на Африка сите играчи на Мадагаскар добиле по 25.000 евра од човек.

Во саботата Мадагаскар дебитрираше на Купот на Африка и одигра 2-2 против големиот фаворит Гвинеја, за која игра фудбалерот на Ливерпул Наби Кеита. 

МАДАГАСКАР НЕМА ПРОФЕСИОНАЛЕН ФУДБАЛ, ТАМУ СЕ ОДИГРА ЕПСКИОТ МЕЧ СО РЕЗУЛТАТ 149:0

Во Мадагаскар има првенство, Куп па дури и Супер куп. Шемата на лигата има е чудна. Учествуваат 24 региони од кои најдобрите 24 клуба се квалификуваат за THB Champions League - највисоката лига на Мадагаскар, наречена така поради спонзорот - пивотот Three Horses Beer.

После почнува најинтересното:

1 етапа - екипите се делат во 4 групи по 6 еркипи, а првите 3 одат понатаму

2 етапа - 2 групи по 6 екипи, само по две одат понатаму

3 етапа - Финале. Група од 4 екипи играат по 2 меча со секој противник и тој што ќе има најмногу победи е шампион.

Овој систем трае три месеци, од средина на јуни до средина на септември.

На Мадагаскар се одигра и меч кој влезе во Гинисовата книга на рекордот поради највисокиот резултат. Се работи за дуел од 2002 година меѓу Адемој и СОЕ Антанаринава кој завршил 149:0!

Но на овој меч гостите пола од головите си ги давале сами, како перформанс во знак на несогласување со судијата кој после секој гол на теренот покажувал на центарот на игралиштето. Гледачите незадоволни после мечот отишле на благајна да си ги бараат парите назад.

ЗОШТО МАДАГАСКАРЦИТЕ ИМААТ ПРЕЗИМИЊА СО ПО 16-17 БУКВИ?

Рандрианасола, Рандрианарисоа, Андрианантенаја, Андрианариманана....

Вака долгите презимиња традиционално ги има во јазикот малагаси (коренски јазик на жителите на Мадагаскар) кои ги обединуваат имињата и презимињата во едно.

Во 17 век на островот (Малагајско кралство или кралството Имерин) владеел Андрианампоинмеринатомпокоиндриндра (превод: принц кој го родила Имерина и кој станува наследник). 35 букви е најдолгото презиме во историјата на островот Мадагаскар.

Во епоха на француската колонизација (анексијата се случила во 1896-та) презимињата принудно биле скратени. Долгите и тешки за изговор презимиња излегле од јазикот кој се претопил во француски малагаси. Многу жители на островот ден-денес тешко ги изговараат долгите имиња на градови и презимиња.

Новинарот и преведувач Ален Ракотондандрија вели дека најдолгите презимиња им припаѓаат на жителите на централниот регион на островот. „Замислете на пример, мис Сахондра Ракотомалала се омажи за мистер Андриесифенариво. Нејзиното презиме би било мис Сахондра Андриесифенариво Ракотомалала. Затоа многу луѓе си ставаат кратки имиња, па чест може да сретнете Зафи или Бото“.

Пример на Мадагаскар, жителите за главниот град Антананарива викаат просто Анта. Или за автобус (fiara fitateram-bahoaka) кој го викаат едноставни бус.