Кои рекорди од фудбалот ги има во Гинисовата Книга

9 ноември е Светски ден на Гинисовите рекорди а во светот на фудбалот има необични достигнувања: од најплатен до најмалку платен играч, од највисок до најнизок од најбрз до најбавен...

Има начин и ’начин’ да се влезе во фудбалската историја. Може да се освојат Лига на шампиони, Светско првенство, Златна топка или Златна копачка но ако не си легенда на твојот клуб можеш да влезеш во Гинис само поради други карактеристики.

Можеби ја нема класата на Меси но е 15 сантиметри понизок од него кој што притоа го викаат ’болвата’. Или пак не си појак од Буфон ама си 15 сантиметри повисок од него (а Џиџи е висок 190 см).

Да почнеме со ред.

НАЈНИЗОК ИГРАЧ НА СВЕТОТ

Ќе речеш Инсиње, Џовинко или Меси кои не надминуваат 170 сантиметри се ниски? А ниеден од нив не е најнизок фудбалер што некогаш играл официјален фудбалски меч. Приматот го држи Бразилецот Елтон Хозе Хавиер Гомез, роден 1986-та и поранешен играч од средниот ред на Коринтијанс.

Во моментов игра во Саудиска Арабија во тимот Ал-Фатех и со неговите 154 сантиметри е најнискиот играч отсекогаш, барем меѓу оние кои се мерени според сите светски параметри.

НАЈВИСОК ИГРАЧ НА СВЕТОТ

Мислите дека 201 сантиметар високиот Питер Крауч или 202 сантиметри ’бандерата’ Јан Колер или некогашниот голман на Милан Жељко Калач се највисоки играчи на сите времиња? Грешите.

Во реалност нту еден од нив не е висок колку белгискиот голман Криштф ван Хаут, генерација 1987ма, голман кој бранеше во индискиот Њу Делхи а кој сега се врати во татковината и брани за Вестерло. Не е најдобриот голман на светот тоа е сигурно, но со 208 сантиметри е највисокиот на фудбалските терени.

НАЈБРЗ ФУДБАЛЕР НА СВЕТОТ

За ова Гинисовата книга на рекорди има многу потешкотии затоа што навистина е тешко да се измери и со тотална сигурност да се потврди кој е апсолутен рекордер.

Базирано врз најголемата брзина некогаш регистрирана во фудбалот, приматот го држи играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Велшанецот е чудо на природата кој со топка може да достигне дури 36.9 км/час.

Колку за споредба, најбрзиот човек на светот Хусеин Болт регистрираше најголема брзина во постигнатиот рекорд со 43,9 км/час додека трчаше на 100 метри. Но ако се знае дека Бејл е фудбалер а не атлетичар тогаш неговиот резултат е страшен!

НАЈМЛАД ДЕБИТАНТ ВО ИСТОРИЈАТА

Европа беше во чудо по дебито на Џиџо Донарума кој на 16 години застана на голот на Милан. Уште поголемо чудо е дебито на едно дете од Боливија.

Се вика Пабло Маурицио Балдивиесо, роден во 1996 година а во Гинисовата Книга на рекорди влезе откако дебитираше на само 12 години и 362 дена.

Светот дозна за него во 2009 година кога тренерот кој му е и татко решил да го стави на терен во последните минути од мечот Аурора - Ла Паз ФЦ. Малиот само што влегол, претрпел силен удар во еден дуел и го напуштил теренот во солзи. После средбата Аурора решила да го избрка таткото поради тоа што ставил толку мало дете на терен.

НАЈСТАР ИГРАЧ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА

Првото место на листата најстари играчи во историјата го држи Кевин Пун, англиски голман кој стоел меѓу стативите на Бартон Албион во 2014-та година.

Роден е верувале или не на 21. јули 1963 година а се повлече дури на 51 година!

Рекордов наскоро би можел да му го урне Јапонецот Миура којшто во Гинис влезе како најстариот стрелец на фудбалски меч на сите времиња. Некогашниот играч на Џенова во февруари годинава наполни 50 години но нема намера да престане да игра наскоро, така што би можел да го надмине рекордот на Пул.

НАЈБРЗ ГОЛ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Најбрзиот гол во историјата на професионалниот фудбал кој влезе во Гинисовата Книга на рекорди го дал напаѓачот Наваф Ал Абед за време на еден меч од Купот на Саудиска Арабија. Центарфорот дал гол после 2 секунди и 72 стотинки на 2. септември 2009 година на мечот Ал-Хилал - Ал Шоаиа кој завршил 4-0.

НАЈГОЛЕМИОТ „НОМАД“

За Луџ Фаненштил, некогашен германски голман кој бранел во 25 различни клубови на сите пет континенти пишувавме во неколку наврати. Тој го држи апсолутниот рекорд на фудбалер којшто играл во сите шест конфедерации на ФИФА пред Гинис и официјално да го запише.

Меѓу еден и друг клуб еднаш завршил и да одлежи 101 ден затвор во Сингапур затоа што го сомневале дека местел некои утакмици.

НАЈПЛАТЕН НА СИТЕ ВРЕМИЊА

И ова е рекорд кој се менува одвреме-навреме и нема долг век на траење но ако ги гледаме само платите платени од еден клуб без надворешни спонзори, тогаш најплатен фудбалер во историјата е Карлос Тевез.

Аргентинецот потпиша договор со кинескиот Шангај Гренлад Шенуа во 2016-та вреден 38 милиони евра годишно!

НАЈСКАП ИГРАЧ ВО ГИНИС

По гламурозното лето 2017, не е тешко да се претпостави кој е во Гинисовата Книга на рекорди како најскапо платен фудбалер на сите времиња. Бразилецот од ПСЖ Нејмар Јр беше купен од парискиот клуб за 220 милиони евра. Пред него приматот го држеше Пол Погба кој од Јувентус во Манчестер Јунајтед во 2016-та отиде за сума близу 110 милиони.

НАЈМНОГУ НАСТАПИ ВО ИСТОРИЈАТА

Се работи за легендата на англискиот фудбал кој освоил се што може да се освои со Нотингем Форест и Лестер но ова е само дел од неговата неверојатна кариера на актуелен рекордер по бројот на настапи.

Питер Шилтон во повеќе од 30-годишна кариера од 1966 до 1997 година забележал 1390 официјални настапи!