Кои Македонци го бодреа во живо Елмас во ЛШ

Елиф Елмас синоќа имаше деби од соништата во Лига на шампиони. На Сан Паоло славеше против европскиот првак, а меѓу македонските гледачи се појави селекторот Игор Ангеловски.

По фантастичното деби како стартер во Серија А каде импресионираше и доби пофалби од типот „Малиот Модриќ“, македонскиот репрезентативец синоќа дебитираше и во Лига на шампиони.

Анчелоти му даде шанса во 75-та минута на местото на Алан, инаку 28 годишен Бразилец кој четири години е стартер во Наполи на таа позиција.

Елмас не можеше да посака поубаво деби, бидејќи имаше чест да се докажува пред европскиот првак и на крај да слави со конечни 2:0.

Колегите од Спортмедиа денеска објавија изненадувачка фотографија на која во подтрибинскиот простор на стадионот се наоѓаат Елмас заедно со селекторот на Македонија.

Ова се разбира е голема чест за нашиот млад репрезентативец, но и одличен мотивирачки потег на Мрме кој на лице место ги бодри своите момци.

Од тука се сели во Загреб на Максимир, каде вечерва Аријан Адеми со Динамо има италијанска пресметка со дебитантот Аталанта.

Но македонска поддршка немаше од него. Во Неапол синоќа бил и Диџеј Панчо на кој Елмас му обезбедил карта. Тој објави фотки со Мрме, татко му на Елмас и неговиот помал брат.

Елмас утринава веќе почна да се спрема за следниот предизвик, а тоа е гостувањето против Лече во недела со почеток од 15 часот.

18 септември 2019 - 15:52