Кога во Загреб ја исвиркаа химната на Југославија пред да патува на СП 1990

Само 20 дена по најпрочуените инциденти на Максимир на дербито Динамо - Звезда, Југославија на истиот стадион ја играше последната подготвителна средба пред да патува на Мундијалот во Италија. Гостуваше Холандија како актуелен европски првак, а играчите се соочија со анти мотивациски момент, ретко виден во историјата на фудбалот.

Играа дома, но во таа затегната атмосфера на една година пред распадот на Југославија, химната беше срамно и дрско исвиркана.

Играчите не беа ни криви, ни должни, а коментарот на Фарук Хаџибегиќ додека се местат за фотографирање, најдобро го опишува овој чкарт момент.

„Значи денеска играме 11 против 20.000“.

4 јуни 2020 - 16:42