Кога Ранду од Касандра го изведе почетниот удар на меч на ФК Обилиќ

Фудбалскиот клуб Обилиќ од Белград, во средината и крајот на '90-те години беше финансиран и воден од лидерот на паравоените формации Жељко Ражнатовиќ - Аркан. Овој клуб беше еден од ретките кои „успеа“ да им пркоси на Црвена звезда и Партизан и под сомнителни околности да ја освои титулата во српското првенство. Обилиќ работеше на популарноста па еднаш на меч со Војводина во 1997-ма го викнаа Хенри Сото, глумецот на култниот лик Ранду од серијата „Касандра“.

22 февруари 2020 - 12:10