Кога ќе умирам не ме носите во болница, однесете ме на Енфилд

На навивачите на Јуве ќе им недостасува Буфон, во Барселона ќе фали Иниеста, во Рома Тоти, а на Ливерпул се знае кој. Човекот кој е симбол на клубот и кој се живо откачи за да им се предаде на Црвените кои ги сакаше и ги сака со срце.

„Кога бев дете се што сакав е да заиграм во Ливерпул, да останам таму засекогаш и да станам капитен“.
Позната фраза изговорена од многу играчи кои дебитираа или треба да дебитираат во својот нов клуб. Но малку од нив успеваат да си го одржат зборот и да останат цела кариера во тимот за кој уште од деца велат дека им е во срце.
 
Тој е еден од малкумината.
 
Тој е еден од тие на кој зборот им тежи вистина.
 
Тој одби голем број на понуди од топ клубови поради љубов кон истиот дрес.
 
Тој е оние играчи кој како фудбалер од среден ред успеа да постигне 207 голови за Ливерпул и репрезентација.
 
Тој е последниот капитен на Ливерпул кој успеа да го подигне пехарот во Лига на шампиони.
 
Тој е капитенот на Ливерпул со долги 13 години.
„Го сакав секој меч, секој момент, секоја минута, играв пред најдобрите навивачи во светот. Ливерпул е мојот дом, ми помогнавте да си ги остварам соништата, подарувајќи ми спомени кој не ми ги заменил за ништо. Ливерпул е нешто што ти влегува внатре во срцето“.
Тој е повеќе од обичен играч и обичен капитен.
„Кога ќе умирам не ме носите во болница, однесете ме на Енфилд. Таму сакам да умрам“.
Тој е капитен, икона, симбол, легенда. Се пишува Џерард, се чита Ливерпул.
 
Среќен 38-ми роденден легендо
30 мај 2018 - 14:49