Ќе победите и оро ќе играте, не ми е гајле што сме веќе шампиони

Строг, авторитетен и темпераментен, таков беше претходникот на Алегри во Јувентус. И еден Џиџи кога се обидел нешто да му каже како капитен, овој му згрмил, а целта била една. Испишување на нова историја. Ги напнал и му успеало.

На 17 мај 2014-та во базата на Јувентус сите биле среќни и весели. Немало никаква потреба од грижи и паники бидејќи следувало последното коло од сезоната, а во тој момент Јуве имал 99 бода и убедлива предност пред второпласирана Рома.

Но Конте не бил целосно задоволен, односно желбата му била да постават нов рекорд, бидејќи никој во историјата на италијанскиот фудбал немал освоено минимум 100 бода.

Поради тие причини на играчите им закажал состанок во салата каде се анализираат тактики на видео бим. Сите седнале да го слушаат, освен капитенот Џиџи Буфон кој по неколку секунди се појавил во друштво на Марота.

„Мистер се извинувам, но директорот сака да им соопшти нешто на играчите во врска со премиите за освоеното Скудето“, му се обратил Буфон на Конте, а овој во него стил избувнал на цел глас:

„Џиџи замолчи, да не чујам повеќе ниту збор. Баш од тебе не очекував вакво нешто. Какви премии, не е сега време за тоа. Е сега ептен се изнервирав. Нема повеќе гледање и анализирање, излегувајте сите надвор и почнете со загревање. Сите до еден да ве видам на тренинг. Надвор“, урлал Конте.

Тоа биле само 30 секунди анализа за престојниот меч и ништо повеќе. Антонио почувствувал дека ако се отвори темата за премии на едно коло до крај, мислите на играчите нема да бидат насочени кон мечот.

Тој сметал дека првенството може да има цели без разлика што предвреме го имале освоено. Третото Скудето по ред на Јуве во таа низа ќе се памети, но за тие 102 бода најдобро ќе сведочат книгите по историја.

Јувентус – Каљари конечни 3:0. Ете таков беше Антонио Конте. К`не човек.

17 мај 2019 - 14:55