Килијан Мбапе, 50 метри со пречки за 5 секунди

Хет-трик за Мбапе против Монако, титула за ПСЖ на пет кола до крај и 30 голови за младичот со кои го израмни рекордот на Анри на најмногу постигнати голови во една сезона на еден француски фудбалер. Него нас друго ни е муабетот.

Фудбалските капацитети кај Мбапе се дефинитивно и атлетски бидејќи при првиот гол дечкото истрчал со 38 км на час. Од радозналост пуштиме штоперица. Од центар до моментот кога прими топка во шеснаесет поминаа 4 секунди, а кога ја пикна во гол 5. Не е нормален.

22 април 2019 - 09:30