Киево и Барса имаат да ви покажат нешто

Што имаат заедничко овие две екипи колово? Една не иста, ама слична акција во три потези. Колку се само слатки овие голови без многу потење, со две додавања од гол на гол, третиот допир со топка го претворија во погодок. Треба и да ти се погоди акцијата.

Жорди Алба ја прима од штоперот и му ја дава на тацна на Меси за 2:0 против Селта.

Шах мат потег му прави и Киево на Интер и тоа во 91-ва минута за 1:1. Кој друг ако не старата искусна коска која се гушна со синот на терен. Серџио Пелисие.

22 декември 2018 - 20:27