Камера го улови непристојниот Бензема

Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.

На полувреме Бензема на сонародникот Менди на француски во присуство на Бразилецот Винисиус му рекол: „Си прави што сака. Мене давај ми ја, жити мајка, овој (Винисиус) игра против нас“. Во вториот дел левиот бек на Реал, Менди само 3 пати му подаде на 20-годишниот Бразилец. Бензема во прво полувреме 3 пати му додал на Винисиус, а во второ ниеднаш:

Ова е втора ваква непријатна епизода во Реал, откако на Ел класико против Барселона на Камп Ноу камерите го фатија Иско како вика за Зидан на клупата за резерви: „Кога ме вади од игра ме вади во 50-та, 60-та минута, кога ме става, ме става во 80-та“.

Изгледа како драмата од Барса да се префрлила во Мадрид.

28 октомври 2020 - 08:40