Какви пари какви бакрачи, гратис ќе ви играм и плус јас ќе ви дадам пари

Ако мислите дека она „фудбал се игра за љубов“ е само една убаво замислена научна фантастика или бајка, се најде јунак кој успеа да докаже дека и тоа постои.

Да, тоа што го читате во насловот е точно. Имаме фудбалер или поточно неразмазен ко оние во Премиер лига на кои кога им даваат неделна плата од 250.000 фунти и после првиот договор бараат 350.000.

Не се работи за некој анонимус од Мексико, Свазиленд или од некој англиски четвртолигаш од типот на Челтентам или Нотс Каунти, туку за добро познат фудбалер кој се прослави во Бундес лигата, а се проба малку и во Серија А.

Од научно фантастичната приказна во реалност не носи Јакуб Блашчиковски.

Двократниот првак на Германија со Борусија Дортмунд кој беше 8 сезони член на Милионерите и има 104 репрезентативни настапи за Полска, направи потег кој за денешново лудо време на милијарди е чуда над чудата.

Популарниот Пољак познат под прекарот Куба ќе прави кам бек во својата земја и ќе настапува за Висла Краков. Нема ништо фасцинантно во неговиот кам бек, туку во тоа што тој за својата прва фудбалска љубов ќе игра гратис.

И тоа не е се. 33 годишниот играч од среден ред заедно со уште двајца ќе помогнат со вкупно милиони евра или повеќе од 300.000 евра по човек. Тоа е всушност неговиот придонес за клубот кој се наоѓа во тешка финансиска криза, истиот клуб за кој играл во младоста.

По заминување од Борусија, Блашчиковски беше една сезона на позајмица во Фиорентина, а потоа две години во Волфсбург. Но од овој месец, Куба нема да игра фудбал за пари, туку од љубов кој својот клуб кој го носи во срцето.

Негово мото е: „ВО ФУДБАЛОТ И ЖИВОТОТ ИМА НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ПАРИ“

15 јануари 2019 - 15:06